Ученици

Дали привршувате основно училиште и размислувате што понатаму? Дали сакате брзо да стекнете знаење и да можете да заработите сопствени пари за 2-3 години? Дали сте заинтересирани да научите нешто што е релевантно на пазарот на трудот, со цел да имате поголеми шанси да најдете работа?

 

Тогаш треба да се запишете во едно од училиштата за СОО во земјата. Тие сега за базираат на реформирани профили на занимања, поврзани со реалните потреби на пазарот на трудот и идните бизнис трендови. На тој начин, ќе бидете соодветно образовани и ќе научите вештини коишто ефективно се вклопуваат на пазарот на трудот!

Придобивките од запишувањето во училиште за стручно образование и обука се:

  • Стручните профили се реформирани според пазарот на трудот – некои се отстранети, некои се ревидирани, а вклучени се и нови, со цел учениците да можат да го учат она коешто е релевантно на пазарот на трудот; 
  • Наставната програма за обуки е збогатена;
  • Воспоставена е подобра соработка со работодавачите, со цел да се обезбеди повеќе практична работа, а она што се учи во училиштата има реална поврзаност со она што им е потребно на работодавачите; 
  • На крајот од образованието, учениците ги стекнуваат конкретните стручни компетенции коишто ги бараат работодавачите; 
  • Вклучени се повеќе меки вештини за да можете да се подготвите за побрзо прилагодување на постојаните промени во еден свет во кој меѓусебната поврзаност е сè поголема и поголема;
  • За прв пат се создадени модули коишто ќе ви овозможат да комбинирате делови од образованието коишто вам ви одговараат и да се надградувате за истите;  
  • Наставниците се обучени да ги спроведуваат реформите и воведено е „учење во кое ученикот е ставен во центарот“ што осигурува поактивен процес на учење; 
  • Сега, во училиштата за СОО се вклучени и советници за кариера коишто ви помагаат при донесувањето одлуки во врска со вашата кариера;
  • Стручното образование сега е усогласено со Европската рамка на квалификации и она што го учите во вашето училиште за СОО е применливо секаде во Европа!  
Запишете се во училиште за СОО каде иднината е во вашите раце!