Учев угостителство и туризам во училиштето за стручно образование „Ванчо Питошески“ во Охрид. Се запишав на тригодишната програма за да учам за готвач, а продолжив и во четвртата година за да станам хотелско-туристички техничар. Можам да кажам дека апсолутно вреди да се заврши стручно образование, особено бидејќи побарувачката за ова занимање е многу висока во моментов. Со практична работа започнавме уште во училиште, поради што за оние коишто се добри во она што го работат барањето работа беше многу полесно. Навистина е прекрасно кога си млад да располагаш со свои сопствени финансии коишто можеш да ги трошиш како сакаш и да не бараш пари од своите родители. Во оваа професија можете да остварите успех, како и во секоја друга – така, на пример, јас успеав да освојам трето место на меѓународен натпревар во Хрватска, каде што се натпреварував со натпреварувачи од повеќе од 10 земји од Европа. Секако, имам уште многу да учам и да се подобрувам како готвач. Работам многу и се надевам дека еден ден ќе станам светски познат готвач, како Џејми Оливер.

Даниел Здравески, Готвач

Уште како мало девојче сонував да станам козметичар; постојано ги шминкав куклите и им правев различни третмани за убавина. За мене беше прв избор беше да го продолжам моето образование во стручното училиште „Димитар Влахов“ за да стекнам обука за Козметички техничар. По завршувањето на средното образование, работев во неколку реномирани салони за убавина каде што стекнав практично искуство и надградба. Веќе 6 години поседувам сопствен салон во Дебар Маало во Скопје и имам редовни, лојални и задоволни клиенти, чијшто број постојано се зголемува. Особено сум горда што поседувам свој бизнис, бидејќи чувството да работиш за себе е сосема поинакво - ти дава мотивација постојано да вложуваш напори за подобрување. Од сегашна гледна точка, среќна сум што го направив вистинскиот избор во поглед на моето образование и струка.

Лидија Димовски, козметичар и сопственик на фризерско и козметичко студио „ТРИ“

20 октомври 2017

Македонска асоцијација на дадилки на 16 октомври 2017, започна со спроведување на пилот-обуката за Педијатриска прва помош за негувателки на деца.

18 октомври 2017

„Искачував една планина и едвај ја искачив. Кога стигнав до врвот забележав уште еден врв кој морав да го освојам.

05 Јули 2017

Тимот на проектот „Јакнење на доживотното учење“ финансиран од ЕУ, организираше обука за наставници и други релевантни кадри од отворените граѓански/работнички универзитети од општините: Скопје, Го

No front page content has been created yet.