Европското здружение за образование на возрасни објави Манифест за учење на возрасните во 21 век
28 Јуни 2017

Европското здружение за образование на возрасни (ЕЗОВ) објави Манифест за учење на возрасните во 21 век, којшто предлага создавање на Европа која учи: Европа која умее да се соочи со иднината на позитивен начин и со сите потребни вештини, знаење и компетенции.  За ова се потребни моментални одржливи инвестиции на европско, национално, регионално и локално ниво на образование на возрасните.

Образованието на возрасни може да измени животи и да промени општества, тоа претставува човечко право и општо добро.  Во овој Манифест е наведено колку образованието на возрасни може да придонесе кон многу европски политики.  Сепак, за тоа да се постигне, треба да се направат солидни јавни инвестиции во организациите за образование на возрасни и во учениците.  

Многу носители на одлуки, бизниси и граѓани не се свесни колку образованието на возрасни може да помогне при соочувањето со општествените, економските и индивидуалните предизвици.

Затоа Европското здружение за образование на возрасни сака да ги истакне, од една страна, трансформативните можности на образованието на возрасни, а од друга страна позитивното искуство од учењето.

Во ова издание, Европското здружение за образование на возрасни изнесува аргументи, студии, примери и лични приказни од учениците, кои го претставуваат нивниот став и визија за иднината – иновативна, порамноправна, одржлива Европа во која граѓаните ќе учествуваат демократски и активно, каде што луѓето имаат вештини и знаење да живеат и да работат здраво и продуктивно, и да учествуваат во културните и граѓанските активности од најмала возраст па сѐ до поодминатите години.

За повеќе информации погледнете го Манифестот за учење на возрасни во 21 век.